Јасин Реџелари: Титулата е голема чест и мотивација за нас и почеток на нешто поголемо

Екипата на Шкупи за прв пат од постоењето, односно по четири години стана најуспешен клуб на Државното првенство за У-15 кое завчера се одржа во Штип. Борачите на Шкупи триумфираа пред екипите на Лирија и Балканец со 11 медали – 3 златни, 4 сребрени и 4 бронзени.

„Овој успех не дојде преку ноќ. Последните четири години ги поминаме во напорна работа, тренинзи, много одрекувања и големи тешкотии. На почетокот не беше лесно – се соочувавме со недостаток на услови, опрема и поддршка. Но, верувавме еден во друг, верувавме во нашата визија. Токму таа вера и постојан труд не доведе денес до ова историско достигнување – да станеме шампиони на Македонија во борење за категоријата У-15“, вели тренерот и поранешен репрезентативец Јасин Реџелари кој клубот го води со Бунјамин Ебипи.

Титулата е чест, но и обврска за поголеми успеси.

„Оваа титула е голема чест и мотивација за нас. Не гледаме на неа како крај, туку како почеток на нешто поголемо. Во иднина планираме да ја прошириме нашата школа за борење, да работиме со уште повеќе млади таленти, да учествуваме на меѓународни турнири и да ги подготвиме овие деца да станат идни репрезентативци на Македонија“, вели Реџелари и додава:

„Целта ни е да го подигнеме нивото на борењето во нашата земја и да покажеме дека со труд, дисциплина и љубов кон спортот може да се постигне“.

Медалите за Шкупи ги  освоија:

Златни
Мирах Мустафа – 48 кг
АбдулАзиз Азизизи – 52 кг
Заим Заими – 41 кг

Сребрени
Харун Мемеди – 38 кг
Дорарт Рамадани – 52 кг
Амар Рамадани – 57 кг
Емир Сулејмани – 85 кг

Бронзени
Ануар Џемаили – 38 кг
Адем Мемеди – 41 кг
Илхан Муртези – 68 кг
Јусуф Азизизи – 85 кг

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON