Јасин Реџелари совладан со технички туш од Владимер Кинчегашвили на ЕП

Redzelari na EP vo Riga 2016

Јасин Реџелари за експресно беше совладан на Европското првенство во борење за сениори во Рига-Латвија од Владимер Кинчегашвили од Грузија во кавлификациите.

redzelari EP Riga proglasuvanje

Кинчекагшвили, кој беше апсолутен фаврит во мечот со Реџелари, борбата ја доби со технички туш (10-0). Топј тргна силно и до 40 секунда поведе со 4-0 (2-0, 4-0), а веќе за 1:25 минути да води со 8-0 (прво 6-0). Реџелари се обиде да направи една акција, која беше изгледна да направи поени, но не ја доврши, а Кинчегашвили освои уште два поени и борбата беше завршена за неполни две минути.

Можеби ова беше тактички настап, бидејќи Владимер е светски шампион, но ќе видиме до каде ќе стигне Грузиецот.

Дополнување

И во репасажот, Реџалари немаше среќа, зашто се сретна во европскиот првак во 23 години, Ерменецот Валодја Франгуљан, кој победи со 17-8. Вечерва Ерменецот ќе се бори за бронза.

Утре, последен од македонските борачи во слободен стил што учествуваат на ова ЕП ќе настапи Бобан Данов во категоријата до 125 кг. Вчера, Дејан Митров (65 кг) загуби на стартот со 1-10, а Могамедгаџи Нуров со 4-6. Лабазан Аскербиев не отпатува во Летонија поради грип, иако беше пријавен за ова првенство.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON