Денес во Скопје почнува 50-тото издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен Гонг“, на кој учество ќе земат 60 учесници од 14 земји, од кои седум се од Македонија.
Јасин Лама го брани трофејот освоен во 2019 година, а тоа е последното издание на Златниот гонг, а минатата година не се одржа поради пандемијата на Ковид-19.
Јасин Лама ќе се натпреварува во категорија до 60 килограми, а покрај него, Македонија ќе ја претставуваат и Ардијан Џемалили во категоријата до 54 килограми, Оран Јашаровски во категоријата до 57 килограми, Дион Лена во категорија до 63,5 килограми, Ферид Хоџа во категорија до 71 килограм, Лео Јовановски во категорија до 75 килограми и Арсим Етеми во категорија до 80 килограми.
Годинава го браниш Златниот гонг. Што очекуваш на ова издание Златниот гонг?
-Нормално, и покрај силната конкуренција, јас сум тука да го освојам Златниот гонг и да остане во моите раце.
Доаѓаш по учетсвото на Светското првенство во Белград. Дали си задоволен од настапот на СП?
-Задоволни сме, така велат и федерацијата и тренерот. Имам една победа и еден пораз од сребрениот медалист од Узбекистан.
Што мислиш за противниците во твојата категорија?
-Денес е жрепка. Не знам кои боксери се дојдени од другите држави, но јас сум фокусирен сум на борбите.
Кои други боксери може да се конкуренти за освојување на Златниот гонг?
-Ако мислите на нашите боксери, за трофејот се поподготвени Арсим Етеми и Лео Јовановски, другите се млади, но добра екипа сме.