Јасин Лама од БК Шкупи од Скопје прикажа извонредна борба на Меѓународниот боксерски турнир „Паварарсиа“ (независност-н.з.) во Приштина со домашниот боксер Едмонд Зефа.
„Нашиот боксер во една убава, фајтерска борба, со домашниот борец Едмонд Зефи прикажа убав и атрактивен бокс, но со судиско прегласување борбата беше прогласена за нерешена. Жирито на турнирот ги прогласи за најборбен пар“, изјави тренерот Насер Харуни.
Вториот боксер на Шкупи, Адил Бајрами, се бореше со искусниот албански боксер, Таулант Зајми, од кого беше поразен. Инаку, Зајми настапи и на „Златниот гонг“ минатата година во Скопје и прикажа одлична борба со романски боксер, која беше една од најдобрите на турнирот.
Ipon.mk/В.Д.