Патриот Бехрами го освои пехарот за најдобар боксер на Меѓународниот турнир „Адем Јашари“ во Косовска Митровица, Косово, додека нашиот боксер Јасин Лама со Полјакот Марцел Јанцики се прогласени за најборбен пар, при што лама го порази противникот и се закити со златен медал.
За најдобар текничар е прогласен Иван Атанасов од Бугарија, а најдобар домашен боксер е Ардит Делија, додека за најфер- плеј боксер е избран Албан Бељири од Албанија.
Арсим Етеми боксираше со Ардит Делија од Косово. Рамноправна борба задаваше чисти удари, но боксерот од Косова беше подоминантен и ја доби борбата со мала предност. Јасин Лама докажа добра борба и во третата рунда беше убедлив, доминираше, а неговиот противник се најде и во нокдаун во оваа рунда. Двајцата боксери покажаа физичка подготвеност и избоксираа добро“, вели водачот на нашата експедиција Фатон Салиху.
На турнирот учествуваа боксери од Косово, Албанија, Македонија, Бугарија, Полска, Чешка, Швајцарија и Германија.
Ipon.mk