Публиката во целиот свет наскоро ќе има можност да го гледа документарниот филм за еден од најголемите боксери на сите времиња, Роберт Дуран. Погледнете го официјалната најава за za „I Am Duran/ Јас сум Дуран“.
Денес 67-годишниот „Hands of Stone“ е најпознатиот спортист во историјата на Панама и единствениот човек кој можеше да му се спротивстави на еден од најголемите диктатори во историјата на Латинска Америка, Мануел Нориега. Неговата кариера е посебна приказна, било од спортско или приватно гледиште. Конечно го дочекавме документарниот филм кој сето тоа успеа да го спои во едно.
Во денешно време, кога најдобрите боксери на светот ќе одработат два меча годишно, незамисливо звучи фактот дека Дуран имал 103 професионални победи. Кариерата му траеше 33 години без пауза, или од 1968 до 2001 година. Покрај Хулио Цезар Чавез, секако, е најголемиот „латино“ боксер во историјата, а описот на боксерот „технички борец“ е поим кој најдобро се поврзува со него.
Еден подолг текст не би бил доволен да се кажат најважните работи за овој боксер и затоа со радуваме на она што ќе може да го видиме за 90 минути во овој филм, откако ќе се појави. И се надеваме дека ќе се најдете некои од достапните стриминг платформи кај нас.
Додека не се случи тоа, уживајте во трејлерот.