Јапонците доминираа во Окинава на завртшницата на Премиер лигата, без нашите каратисти

Изминатиов викенд во легендарниот јапонски остров Окинава, „родното“ место на каратето, се одржа Карате 1 – Серија А (Премиер лигата).

Како и што можеше да се претпостави во последното коло на Лигата доминираа Јапонците. Иако имаше пријавени каратисти од нашата земја, сепак тие не отапатуваа на Окинава. Ајуми Уекуса (+68 кг), Анжелика Трелјуга (-55 кг) од Украина и Рјутаро Арага (-84 кг) се големите победници на Карате 1-Серија А.

Од соседството и регионот имаше претставници, па така Јована Прековиќ (- 61 кг) од Србија го освои златниот медал, а Александра Стублева (+68 кг, Бугарија) бронзениот.

Да потсетиме дека од 1 јануари 2018 година во Премиер лигата ќе настапуваат првите 50-мина на Ранг листата на ВКФ по категории кои ќе се борат да обезбедат виза за Олимписките игри во Токио 2020 година,  кога карате спортот ќе дебитира на олимпијадите.

Затоа зачудува одлуката да се пријават нашите каратисти, а да не отпатуваат.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON