Борачот се повреди на 26 март, кога противникот го фрли во борилиштето, а тој падна на глава и неколку минути остана да лежи.
Јапонските медиуми објавија дека за време на борбата немало медицински лица кои можеле да му помогнат на сумо-борачот.
Хибикуру дебитираше во 2011 година и стигна до 24. позиција во конкуренција на 200 сумо-борачи, во четвртиот ранг од шест во сумо борење.