Јапонски параолимпиец во џудо наместо на татамите, заврши во болница – го удри автобус во селото

Јапонскиот параолимписки џудист Арамитсу Китазоно (30) наместо на татамите во борба за медал на Параолимпијадата во Токио, заврши во болница, откако во олимпиското село во него удрил самоуправувачки електричен автобус, додека помиувал на пешачки премин.

Параолимпиецот се здобил со повреди на главата и нозете, но за среќа освен неколку расеченици и модрици нема потешки повреди. Но, поради инцидентот неговиот настап на Параолимпијадата е завршена, зашто мора да одмора три недели.

„Му направивме магнетна резонанца и не беа пронајдени некои абнормалности, но постои можност дека здобил потрес на мозокот кога удрил со главата, па неговиот настап е завршен, а тој ќе мора сега да одмора“, рекле од јапонскиот параолимписки комитет.

Претседателот на Тојота, чии се беспилотните автобуси се извини за големиот инцидент и објави дека привремено се укинати линиите на автобусите.

„Многу ни е жал за инцидентот, а ова покажува дека самоуправувачките возила сѐ уште не се реални за нормални улици“, рекол Акио Тојодеа.

Иако „беспилотните автобуси“ сами возат, сепак има возач во нив за секој случај, ама во овој инцидент возачот не успеал да го спречи, а станува збор за автобуси за 20 патници, во кои има четири места за инвалиди и седум за стоење.

Операторите во изјавата за инцидентот посочиле дека го виделе параолимпиецот, ама мислеле дека тој го видел автобусот и дека нема да тргне на пешачкиот, но Китазоно има оштетен вид, па навреме не го приметил автобусот и така се случила несреќата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON