Годинава турата на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) помина под целосна доминација на Јапонија.
Џудистите на „Изгрејсонцето“ имаат освоено 28 титули на десет турнири. Во четири од нив, пак, немаше јапонска делегација, што значи нереалните 28 златни медали од шест натпреварувања!
Најголема доминација имаше на Грен при турнирите во Ташкент (9), Париз (7) и Баку (5).
Во моментов никој не се приближува до јапонската школа. На второто место е Франција со 14 златни медали, а Русија е со еден помалку.
Првата петорка ја надополнуваат Грузија (9) и Холандија (7).