Јапонија е најсупешната карате репрезентација на завршеното Светско првенство во Мадрид – Шпанија, со 10 освоени медали – 4 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.
Втор е Иран со 7 медали (2-1-4), Франција е трета со 2 (2-0-0).
Потоа следат
Шпанија 6 (1-3-2)
Италија 7 (1-1-5)
Греманија 2 (1-1-0)
Азербејџан 2 (1-0-1)
Хрватска
Србија
Полска и
Грција се со по 1 златен медал
12.Турција 6 (0-2-4)
Русија
Кина
Бразил и
Украина се со 1 сребрен медал
Египет 3 (0-0-3)
Мароко 2 (0-0-2)
Чиле
Австрија
Хонг Конг
Кинески Тајпеј
Казахстан
Алжир
Шведска
Бугарија и
Словачка освоија по 1 бронзен медал.
Како што може да се забележи нашети комшии или дел од поранешната држава имаат светски прваци, тоа се Хрватска, Србија и Грција, а Бугарија освои бронзен медал. Од друга страна, има многу новајлии во распределбата на медалите.
Од нашите натпреварувачи најмногу се покажаа Берат Јакупи (-84 кг) и Азиз Исмаил (-75 кг) кои стигнаа до четвртфиналето со три, односно две победи, додека машкиот кумите тим го постигна најдобриот резултат во историјата на репрезентацијата на светските првенства освојувајќи го седмото место.
Сето ова значи дека за место на Олимписките игри во Токио 2020 ќе се води тешка борба, бидејќи ќе има по три категории во машка и во женска конкуренција.
Светски шампиони се:
Сандра Санчез- кати жени – Шпанија
-50 кг Михо Мијахара – Јапонија
-55 кг Дорота Банашчик – Полска
-61 кг Јована Перковиќ – Србија
-68 кг Ирина Зарецка – Заербејџан
+68 кг Елени Чацилиаду – Грција
Јапонија – кати екипно жени
Франција – екипно борби жени
Рјо Кијуна – кати мажи – Јапонија
-60 кг Анџело Крешченцо – Италија
-67 кг Дакоста Стивен – Франција
-75 кг Бахман Асагари – Иран
-84 кг Иван Квесиќ – Хрватска
+84 кг Џонатан Хорне – Германија
Јапонија – кати екипно мажи
Иран – екипно борби мажи
Сите медалисти на овој ЛИНК.
https://wkf.net/news-center-new/surprising-results-in-morning-session-of-day-2-of-karatemadrid2018/843/
Ipon.mk