Јапонецот Шосуке Такатани е победник на јублиејното 40-то издание на „Македонскиот бисер. Но тој не го освои само трофејот за најдобар борач, туку и публиката со атрактивната борба во категоријата до 86 килограми против Словакот Рене Матејов кого совлада со 18-12.
Тоа беше борба со пресврти и со многу акции кои ја дигнаа публиката на нозе. И, што е најбитно, тој направи пресврт во борбата бидејќи Матејов водеше со 6 поени разлика.
„Ова ми прв интернационален трофеј. Многу сум среќен. Одам на Олимписките игри во Рио и се надевам на добар резаултат. И благодарам на македонската публика што ме поддржа во најтешките моменти и до крај навиваше гласно за мене. Македонија е добра земја“, изјави победникот на „Македонскиот бисер“ за Ipon.mk, Шосуке Такатани.
Бехар Махмути (-74) е прогласен за најдобар македонски борач. Тој во финалето со 5-0 го победи Еслами Сјерус од Велика Британија во една многу интересна борба.
„Ова ми прв настап во репрезентацијата на Бисерот. Добро се чувствувам по освојувањето на ова вредно признание. Голема благодарност до Воената академија што ми овозможи да се подготвувам за Македонскиот бисер. Инаку, финалето беше интересно, а јас не сакав да брзам, туку постепено ја подигав тензијата, зашто и противникот е добар борач“, рече младиот Махмути, кој веќе се наметнува за националниот дрес.
Тој вели дека може да очекуваме добри резултати од него на европската и светската сцена,
Белорусинот Ринчинау Џимшук е прогласен за најдобар странски борач, кој во категоријата до 57 килограми го совлада нашиот репрезентативец Армин Идризи со туш. Сепак, Идризи излезе повреден во финалето.
Јасин Реџелари (-61 кг) добро се држеше против Јапонецот Реи Хегучи, но олимпиецот од Јапонија ја покажа подобрата форма и победи со технички туш (6-16).
Дејан Митров против Алексанадар Здравев славеше со технички туш (10-0), но младиот репрезентативец добро се држеше со искусниот штипјанец.
Могамедгаџи Нуров (-97 кг) и Алибек Шадау (требаше да се бори со Бобан Данов) ги добија борбите без броба.
Трети места од нашите репрезентативци освоија: Ријад Реџепи (61 кг), Никола Петров (74 кг) и Бислими, Ератан Реџепи (-65 кг), Рамадан Мустафовски (-86 кг) и Раиф Камбери (-65 кг).
ПОБЕДНИЦИ
Ринчинау Џимчик (Белорусија) 57 кг.
Реи Хигучи (Јапонија) 61 кг.
Веселин Георгиев Петров (Бугарија) 65 кг.
Дејан Митров (Македонија) 70 кг.
Бехар Мамути (Македонија) 74 кг.
Шосуке Такатани (Јапонија) 86 кг.
Могамеџаџи Нуров (Македонија) 97 кг.
Алибек Шадау (Белорусија) 125 кг.
Ipon.mk/В. Д.