Јанески: Многу ми значи што освоив медал по 30 години за Македонија, следна цел е Олимпијдата!

Гоце Јанески на неодамна завршеното Балканско сениорско првенство во бокс во Анталија, Турција, во категоријата до 75 к го освои бронзениот медал, а во полуфиналето во рамноправна борба загуби од косовскиот боксер Бесрат Пирева. Победата можеше да му биде доделена и на нашиот боскер.

Во првата борба Гоце славеше на поени со 3-2 против српскиот репрезентативец Филип Џиниќ.

Со овој медал Јанески пополни една голема празнин, бидејќи по 30 години Македонија освои медал на Блканските првенства, односно по славните олмпијци Аце Русевски и Реџеп Реџеповски.

По 30 години освои медал за Македонија од Блаканските првенства. Колку ти значи медалот кој е прв во твојата кариера од големи меѓународни натпреварувања?

-Многу ми значи, бидејќи по 30 години јас го освоив овој медал!

Медалот следува по голема пауза и по асови како Аце Русевски и Реџеп Реџеповски, кои впрочем и се носители и на олимписки одличја. Имајќи ги во предвид овие факти, какво е твоето чувство?

-Не можам да ви опишам како се чувствувам. Едноставно, прекрасно по сето она што ми се случуваше пред клучни натпревари на меѓунардоната сцена.

Дали можеше повеќе од бронзата?

-Не сум задоволен од судиските одлуки, односно како гласаа за полуфиналната борба.

Колку на успехот влијаеше и санирањето на повредата?

-Според тоа, што имав и повреда, задоволен сум од резултатот што го направив, затоа што вооппшто не беше лесно.

Кои се твоите планови за идната година?

-Идната година ме чекаат доста турнири, како и квалификации за Олимпијадата во Токио 2020 година.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON