На 26-тата Меѓународна боксерска ревија „Јадрански бисер“ во Будва, Црна Гора, ќе настапат и нашите сениори Гоце Јанески од Аперкат и Јасин Лама од Шкупи.
Јанески во сабота во категоријата до 81 килограм ќе се сретне со домашниот боксер Предраг Дробњак, а Лама (-60 кг) со Ико Ремзовиќ од Раднички.
Јанески е во добра форма и во последните тру меча не знае за пораз, додека Лама ќе покажа зашто минатата година беше прогласен за најдобар боксер во Македонија, кој беше најдобриот домашен боксер на „Златниот гонг“.
Во јуниорска конкуренција ќе настапи и Хурмет Јонузов (Шкупи) во категоријата до 66 кг и ќе се сретне со Милован Секуловиќ од Подгорица.
На ревијата ќе настапат боксери од Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.
Ipon.mk/В. Д.