Јан Блахович тврди дека бил ограбен во борбата со Переира

Јан Блахович тврди дека бил ограбен во борбата со Алекс Переира.

Изминатиов викенд тие се бореа во главната борба на УФЦ 291 во Јута, САД. Борбата беше деби за Бразилецот во полутешка категорија. Блахович доминираше во првата рунда, но Переира го совлада во следните две рунди.

Јан имаше некои кардио проблеми и дозволи Переира да преземе иницијатива. Борбата отиде до поделена одлука во корист на Переира – (29–28, 28–29, 29–28).

На својот профил на социјалните мрежи Јан ја коментираше одлуката и изјави дека се работи за грабеж.

„Бев ограбен од група крадци. Ви благодарам на сите за поддршката. Ќе се вратам“, напиша Блахович на својата страница на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON