Јан Блахович вети дека ќе се врати во кафезот и повторно ќе се бори за појасот на УФЦ во полутешка категорија. Тој минатата сабота загуби од Гловер Тешаира на главниот настан на УФЦ 267 во Абу Даби, но шампионскиот дух и расположението ги покажа на прес-конференцијата по борбата.
„Тоа може да се случи. Не знам. Денес не сум шампион. Гловер е шампион. Ме претепа, нема што да објаснувам. Но, ова не е крајот, нема да се откажам. Не се движам! Ќе се вратам. Ми треба одмор, но дефинитивно ќе се вратам. Не сум кукавица и нема да се откажам. Повторно ќе ме видите во кафезот“, изјави Блахович за новинарите во Абу Даби.
Блахович додаде дека нема повреди за да му го објаснат настапот, туку добрата борба на противникот е причина за поразот.
„Се беше во ред. Ме собори во првата рунда, но не се чувствував загрозен во таа позиција. Си реков дека ја загубив рундата, но во втората ќе работам повеќе. Но не ми дозволи… .. пак ме собори и ме одби. Што повеќе да кажам? Се чувствувам ужасно и тоа е тоа“.
По битката Блахович и Тешеира си размениле џентлменски зборови и покажале спортски дух еден кон друг. Самиот Блахович го гледа бразилскиот ривал како мотивација да продолжи да се бори за титулата.
„Гловер има 42 години! Тој е три години постар од мене, па имам време да се вратам и повторно да го освојам појасот! Тоа е она што би сакал да го правам во иднина“.
Полјакот ја заврши изјавата за медиумите, велејќи дека се надева на реванш со Тешеира, но ако треба пред реваншот ќе се бори за титулата и против други борци.