Јан Блахович имаше прием кај премиерот на Полска

Новиот шампион на УФЦ во полутешка категорија, Јан Блахович, беше на средба со Матеуш Моравиецки, премиерот на Полска.

Пред неколку дена Јан се врати во татковината по големата победа и беше срдечно пречекан од навивачите и медиумите. 37-годишниот ветеран му го покажа појасот на Моравиецки и разговораа за борбата.

Шампионот рече дека се надева оти неговиот премиер ќе ја следи следната битка и ќе го поддржи, без оглед на временската разлика. Минатиот викенд во Абу Даби го видовме Јан како го нокаутира Доминик Рејес и ја освои слободната титула. Тој влезе во серија од четири последователни победи, од кои три се со нокаут.

„Благодарам многу за поканата од Матеуш Моравиецки, премиер на Полска. За мене и за целата ММА заедница, ова докажува дека нашата дисциплина е популарна и ја следат најважните луѓе во земјата.

Чест ми е што сум амбасадор на овој неверојатен спорт. Се надевам дека по нашиот разговор, Моравиецки ќе биде пред ТВ за да ја гледа мојата следна борба, без разлика на временската разлика“, напиша Јан на социјалните мрежи по средбата со Моравиецки.

Блахович загуби само една од последните девет борби во УФЦ и сака да му се реваншира на Тијаго Сантос кој го нокаутира на почетокот на минатата година.

https://www.instagram.com/p/CFwfRhRBzXW/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON