Јан Блахович го оперираше рамото

Четвртиот на ранг-листата на УФЦ во полутешка категорија, Полјакот Јан Блахович (29-10) изјави дека имал операција на едното рамото, но наскоро ќе има операција на другото.

„Првото рамо е оперирано. За жал, имаше премногу работа со тоа рамо, па не можеа да ги поправат двете одеднаш. Наскоро доаѓа уште една операција. Ќе треба да почекаме уште малку за да се вратам. Ви посакувам на сите Среќен Божиќ!“, напиша Блахович на социјалната мрежа Икс.

Блахович требаше да се бори со Александар Ракиќ (14-3) на 20 јануари 2024 година на УФЦ 297 во Торонто, Канада, но Полјакот се повлече од борбата поради повреда. Јан има 40 години и има скор од 29-10-1 во ММА. Во неговата последна борба кон крајот на јули загуби од Алекс Переира со поделена одлука.

Блахович победи само на една од неговите последни четири борби во УФЦ.

Jan Blachowicz
@JanBlachowicz

Follow

First shoulder operated on. Unfortunately, there was too much work to do with one, so they couldn’t fix both at once. Another surgery soon. I’ll have to wait a little longer to come back. I wish you all Merry Christmas!

Image

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON