Јан Блахович е уверен дека ќе забележи уште еден нокаут во одбрана на титулата во полутешка категорија.
Откако во март Блахович го победи Израел Адесања и првпат ја одбрани титулата, сега следен кандидат е Гловер Тешеира. Тие ќе се сретнат на главниот настан на УФЦ 267, а Полјакот знае дека се соочува со сериозен борец, бидејќи ова ќе му биде последна шанса за шампионскиот појас.
„Мислам дека промени нешто – веќе знае да тренира. Го откри она што го открив пред неколку години. Знае што треба да направи за да биде најдобар, но знае и како да го направи тоа. Ќе биде многу интересен меч. Го очекувам најдоброто од Тешеира, бидејќи можеби ова е неговата последна шанса за титулата“.
Кога двајцата ќе се во октагонот, Блахович верува дека Тешеира ќе се обиде да ја доведе борбата на партер. Тој е свесен дека најдобрата шанса за победа на Бразилецот е во граплингот, но уверен е дека ќе успее да ја одржи борбата во стој.
„Мислам дека ќе се обиде да ме собори и да ме заврши на партер. Тоа ќе биде неговата стратегија. Сепак, мое е да останам во стој, но запомнете дека сум целосен стојач – можам да се борам.
Ако ме собори, нема проблем. Ќе најдам начин да станам, да го заклучам или да преживеам на партер до следната рунда. Најдобар начин да го победите е да го направите она што го направи Густафсон – го чекаше четири рунди за да го нокаутира. Тој не погреши и не брзаше, па ќе ја користам неговата стратегија.
Гледам два излеза – едниот е нокаут во втората рунда. Ако преживее по втората, тогаш во четвртата ќе падне. Пред да го заспијам, замислувам како го нокаутирам со аперкат или лево кроше“, изјави Блахович.