Јапонските карате мајстори Масааки Јокомичи (шотокан 6 дан) и Кен Нишики (шотокан 5 дан) вчера и денес одржаа тренинг и демонстрација во ОУ „ Панче Арсовски“, однонсо салата на КК Метралург и ОУ „Гоце Делечев“ во Лисиче.
Тие се во Македонија со посредство на амбасадата на Јапонија во Виена (која ја покрива и Р. Македонија).
На тренингот во салата на Метлург присуствуваа над 80 каратисти, од кои поголемиот дел репрезентативци на Македонија, и тренери.
За оваа посета на нашата земја, во мај годинава, е остварена средба од страна на претседателот на Стручниот совет на КФМ, Назим Куртовиќ, заедно со членот на Извршниот одбор, Горан Милковски, со претставници од јапонската амбасада.
ipon.mk/В.Д.