Иако во борбата влезе како аутсајдер, Ал Јакинта (14-4-1, 9-3 УФЦ) по вторпат го победи Кевин Ли (17-4, 10-4 УФЦ).
Како и во првиот меч во 2014 година, Јакинта во главната борба на УФЦ на ФОКС 31 во Милвоки победи со едногласна одлука на судиите.
Едсон Барбоза (20-6, 14-6 УФЦ) ја прекина серијата од два порази нокаутирајќи го со удар во телото по уверлива изведба Дан Хукер (17-8, 7-4 УФЦ).
Чарлс Оливеира (25-8, 13-8 УФЦ) го подобри рекордот на УФЦ. Бразилецот со давење од позади за 75 секунди го победи ветеранот Џим Милер (29-13, 18-12) и го забележа 12 сабмишн во УФЦ. Ова им беше втора битка. Во првата пред осум години Милер славеше со удар со колено.
Бонус од 50.000 долари го добија Чарлс Оливеира, Ал Јакинта, Џаред Гордон и Жоаким Силва за борбата во која Силва го нокаутира Гордон во третата рунда.
УФЦ на ФОКС 31 – Резултати
Ал Јакинта – Кевин Ли – едногласна одлука на судиите
Едсон Барбоза – Дан Хукер – КО (Р3 2:19)
Роб Фонт – Серхио Петис – едногласна одлука на судиите
Чарлс Оливеира – Џим Милер – САБ (Р1 1:15)
Зак Отов – Двајт Грант – поделена судиска одлука
Драккар Клосе – Боби Грин – едногласна одлука на судиите
Жоаким Силва – Џаред Гордон – КО (Р3 2:39)
Џек Хермансон – Џералд Меершарт – СБ (Р1 4:25)
Зак Камингс – Тревор Смит – едногласна одлука на судиите
Ден Иге – Џордан Грифин – едногласна одлука на судиите
https://www.youtube.com/watch?v=mafNvvn3qVQ
https://www.youtube.com/watch?v=-OvFntBQo4A
https://www.youtube.com/watch?time_continue=18&v=8d4tFgD5iHE
.