Јаким Колевски го освои петтото место на Европското циу џицу

И Јаким Колевски (-66 кг)го освои петтото место на Европското циу џицу првенство за У-16, У-18 и У-21 во Крит, Грција, во борби за У-16.

Колевски во борбата за бронзениот медал е поразен од шведскиот репрезентативец Кимон Кристофоридис 0-15.

Колевски прво славеше против Вестергард Соренсен од Данска 14-0, а за велз во финалето загуби од Гркот Сотирос Георгопулос 0-14. Во репасажот за бронза загуби од Швеѓанецот Кристофоридис.

Денес настапи и неговиот брат Зоран Колевски (-46 кг), но беше поразен од Гркот Михаил Заимакис.

Последниот наш адут за медал е Катерина Ацевска.

На ЕП настапуваат 609 учесници со 642 натпреварувачки влезови од 25 држави, а Македонија настапува со пет натпреварувачи.

Резултати – Европско првенство:

У-16 борби -46 кг
Зоран Колевски – Михаил Заимакис (Грција) пораз ¼ финале

У-16 борби -66 кг
Јаким Колевски – Вестергард Соренсен (Данска) 14-0 ¼ финале
Јаким Колевски –Сотирос Георгопулос (Грција) 0-14
Репасаж за бронза
Јаким Колевски – Кимон Кристофоридис (Шведска) 0-15

У-18 борби -55 кг
Данил Николиски – Јмен Стробе (Белгија) 14-0
Данил Николиски – Николас Клецас (Грција) 0-14
Репасаж за бронза
Данил Николиски – Карвелис Анастасиос (Грција) 0-14

У-18 борби -60 кг
Станислав Грпов – Иво Филус (Послка) 0-14

У-21 борби +70 кг
Катерина Ацевска – Ели Сиркис(Израел) ¼ финале
Катерина Ацевска – Анџела Вукчевиќ (Црна Гора) ½ полуфинале?

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON