Јаир Родригез го уништи Џош Емет на секој можен начин

Јаир Родригез го унакази Џош Емет во нивната борба за привремена за титула во перо категорија на УФЦ 284.

Мексиканецот го спушти противникот во втората рунда со триаголник од лежечка положба, пред да го приземји со безброј комбинации на ножни удари по главата, телото и нозете, притоа не давајќи му можност на Емет да дише со крошеа и директни удари.

Сепак, Американецот го имаше својот добар момент во последната минута од првиот дел, кога имаше успешно соборување и знеколку добри лакти.

На крајот, „Пантерот“ заслужено си ја честиташе победата и со интерес ќе го следи настапот на Александар Волкановски против Ислам Махачев, бидејќи единствената цел пред него е појасот на Австралиецот со македонско потекло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON