Изворниот карате стил „Окинава уечи рју“ се вежба само во Велес (ФОТО/ВИДЕО)

Bore so stil

Во Македонија се вежба карате стилот „Окинава уечи рју“, кој доаѓа директно од лулката на каратето, осторвот Окинава, синоним за карате спортот и за Фунакоши Гичин, кој се смета за таткото на оваа вештина и спорт. Но, под водство на иструкторот Боре Видевски од Велес, кој е носител на мајсторски појас ни-дан (2 дан), се промовира уште еден изворен стил од овој легендарен остров.

Bore i Milan goli vezbaat

 Видевски овој стил го практикува осум години и е иеднствен во Македонија, додека неговата школа е активна четири години. Нормално, карате клубот се вика Окинава, а се претставуваат како Окикукаи Македонија.

„Ние сме членови на една голема Федерација за „Окинава карате до“, каде што се изучува овој стил. Федерацијата се вика Oкикукаи или Okinava karate association со седиште во Наха (Окинава – Јапонија). Јас сум носител на нидан (втори дан), а заедно со мојата школа сме единствените претсатвници за овој стил во Македонија“, вели Видевски.

bore i milan stojat

За првпат, официјално Боре почнува да го вежбам овој стил во ноември 2007 година, иако идеата потекнувала уште од неговата 14 година, кога се уште не се вежбал овој изворен стил.

„Контактот со овој стил го направив преку сенсеи Милан Димитриески (6 дан), кој е наш сонародник , но и потпретседател на Српската асоцијација за уечи рју, која ни е и врската со централната асоцијација во Окинава-Јапонија (Okikukai или Okinawa Karate Do Association) . Нашата карате школа се вика Окинава доџо, но поради името на централната асоцијација го користиме називот Окикукаи Македонија, бидејќи сме единствени претставници за овој стил во нашата земја“, објаснува Видевски.

bore klub Vezbanje goli

Боре посочува дека стилот уечи рју потекнува од Јужна Кина, која водено е расадник за сите Окинава карате стилови. Првично го носел името пнагаи нун (полу цврсто-полу меко), но по смртта на Канбун Уечи. кој го донел од Кина на Окинава и е родоначалник на овој стил, па така на ова тло го добива името уечи рју. Стилот спаѓа во групите на јужно кинеските стилови кои потекнуваат од манастирот Шаолин.

Bore klub demonstracijaj so milan

„Овој стил го карактеризираат трите животински стила, од кои и е составен, а тоа се стиловите на тигарот, змејот и жеравот. Се состои од осум форми или кати, но и од многу специфични техники кои се создадени за блиска борба. Најважна ката во овој стил е катата САНЧИН, преку која се добива голема цврстина на телото и го прави многу силно, но внесува и голема самодоверба и самоконтрола. Главна карактеристика е дека се работи во високи ставови , а најчесто се се работи во ставот санчин“, нагласува првиот мајстор во Македонија на овој стил.

Bore videvski klub

На Окинава се вежбало карате уште многу одамна, но пишани документи има од 17век, кога е забележано доаѓање на мајстори од Кина. Тие со себе ги носеле и вештините од родниот крај, кои потоа се мешале со домашните техники на борење.

„Карате школата Окинава од почетокот на своето работење е под супервизија на ренши Милан Димитриески, кој всушност е нашиот стручен соработник од кого ги добиваме сите информации за изучување на овој стил. Тој е обучуван во центарот за уечи рју во Окинава Окикукаи, каде што ги добил сите звања. Окикукаи Македонија (Карате доџо Окинава) сега брои околу 40-тина членови. Засега се тренира само во Велес, но со намера сме со овој стил да ги запознаеме и останатите градови во нашата земја. Школата од својот почеток па се до сега има одржано 7 големи едукативни семинари и десетини помали, неколку презентации, од кои последната во март 2015 година“, ги истакнува плановите на оваа карате школа Видевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON