Според вестите што доаѓаат од подобро информирани медиуми, враќањето на Нејт Дијаз е извесна работа, а и условите се речиси договорени, односно УФЦ му понудил датум што тој го прифатил.
Станува збор за УФЦ 227 што ќе се одржи на 4 август во Лос Анџелес. Наводно, Дијаз го прифатил тој датум. Продолжувањето на преговорите ги носи имињата на противниците и горенаведените услови што треба да се исполнат. Како што дознав некои новинари, му биле понудени неколку имиња, од кои е барем за еден сериозно загреан, но ништо подетално не се знае,ниту постојат шанси дека такво нешто ќе излезе во јавност пред да биде официјално.
LowkickMMA пишува дека Дијаз нема да се согласи со нешто што нема да му донесе дебела и мрсна заработувачка. Ако мислевте дека ова правично значи дека не се согласува со ништо освен на борба против Конор Мек Грегор, е тука сте се излажале.
Според клупските колеги, а преносува LowkickMMA, Дијаз е свесен дека во моментов многу тешко ќедоговори третмеч против Ирецот. Со оглед на сите проблеми во кои се најде Ноториус, тешко е да се прогнозира кога би можел повторно да биде во акција, но и дали по судењето за нападот на автобусот на УФЦ со борци ќе има можност за настап во САД, заради евентуалната забрана. Неговиот колега за кого зборуваме е Џејк Шилдс, кој неодамна откри дека е потенцијален противник на Мајкл Бисинг,но подоцна го демантираше тоа. Затоа и овие зборови земете ги со претпазливост.
„Нејт не сака меч против Конор Мек Грегор. Тој бара меч што има смисла за него и кој ќе му донесе огромна добивка. Исто така бара двобој кој ќе предизвика голем јавен интерес“, рече Шилдс, а го пренесува LowkickMMA.
Изборот е голем, а со кого би требало Дијаз да се состане на УФЦ 227, ќе дознаеме многу брзо. Најважно е дека сигурно се враќа во акција.