Израел Адесања: Знам дека сум на крајот од кариерата

Поранешниот шампион во средна категорија на УФЦ, Израел Адесања зборуваше за неговата одлука да се одмори од борбите по поразот од Шон Стрикленд.

„Заминав на одмор. Луѓето зборуваа како да се пензионирам или да одам на петгодишен одмор. Си реков „Опушти се, не грижи се“. Моето слободно време се разликува од слободното време на повеќето луѓе. Луѓето земаат две години одмор. Јас не го правам тоа“, рече Израел Адесања на својот Јутјуб канал. „Како што реков, четири борби за 14 месеци.

Знам дека сум на крајот од кариерата. Знам дека кога ќе завршам со ова, ќе ми недостига. Затоа се обидов да направам што е можно повеќе. Тогаш сфатив дека не е до квантитет, до квалитет. Сепак ќе уживам. Знам дека ќе се борам оваа година. Не знам кога ќе се борам, но кога ќе се борам, ќе биде квалитетно. Не се работи за количина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON