Перт следниот викенд ќе биде домаќин на УФЦ 305, а Диркус ду Плесис ќе ја брани титулата во средна категорија против Израел Адесања.
Пред настанот, УФЦ објави видео „Одбројување“, па во еден дел од соопштението беше вметнат коментарот на Израел во кој реагираше на изјавата на Ду Плесис дека е „единствениот африкански шампион во УФЦ“.
Но, проблемот настана бидејќи видеото ја пресече изјавата на Адесања во која тој споменува дека во УФЦ има тројца африкански кралеви, а тоа се Френсис Нгану, Камару Усман и тој самиот.
Имено, во вешто составеното видео од изјавата е отсечен делот во кој Адесања го споменува Нгану.
Ова предизвика реакција кај навивачите на ММА, но и кај Израел Адесања, кој исто така е разочаран од начинот на кој УФЦ се обидува да го избрише Нгану од својата историја.
„Никогаш не можете да ја избришете историјата на Френсис. Тој е дел од историјата и мора да ги исправиме овие грешки на УФЦ“, изјави Израел Адесања и додаде:
„Не ми се допаѓа тоа што го прават и како се обидуваат да отстранат многу важен дел од историјата, тоа е лудост. Но, ќе го поправиме тоа, ќе го оставам за подоцна“.