Изненадување: Конор Мек Грегор и Доналд Цероне ќе се борат за привремената титула

УФЦ работи на организирање борба меѓу поранешниот шампион во две категории Конор Мек Грегор и Доналд Цероне. Од организацијата сакаат тие да се сретнат во текот на летото, а борците веќе изјавија желба да се борат, откако ја разбраа веста на прес-конференцијата ќе пијат виски и пиво.

Во моментов ситуацијата во лесна категорија е заплеткана и шампионот цела година нема да ја брани титулата, што го натера Дана Вајт да размислува и да изјави дека ќе создаде нова привремена титула. И додека сите очекуваа за неа да се борат Тони Фергусон и Дастин Пориер, тоа нема да се случи, бидејќи Цероне изјави дека тој и Мек Грегор ќе се борат за оваа привремена титула.

„Се чини, добр вест, Мек Грегор и јас ќе се бориме за привремената титула во лесна категорија“.

https://www.instagram.com/p/BtpKXc3gOqS/?utm_source=ig_embed

Хабиб Нурмагомедов ќе се врати во ноември и очигледно од УФЦ ќе сторат сé Мек Грегор да стане неприкосновен противник, за да направат уште една борба меѓу нив, која ќе им донесе големи приходи. Од гледна точка на ранг листата и победите Мек Грегор и Цероне не треба да се борат за титула, но многу често гледаме од УФЦ како прават потези со цел да профитираат и немаат ништо заедничко со пласманот и логиката.

https://www.instagram.com/p/BtpnvTnD-50/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON