Излезе видео најавата за документарниот филм за Конор Мек Грегор – Норториус.
Шампионот на УФЦ на Твитер објави дека филмот ќе почне да се прикажува во кино салите во ноември.
Документарниот филм го следи Мек Грегор од неговите денови пред доаѓањето во УФЦ до боксерскиот меч со Флојд Мејведер. 29-годишниот Ирец во ноември минатата година со нокаут против Еди Алварез стана првиот УФЦ борец во историјата кој истовремено ги држи шампионските титули во две тежински категории.
Сниман е во последните четири години.
https://youtu.be/W4uZNtUw4K4
.