Изгубени во преводот: Поветкин објасни што зборувал со своите луѓе во аголот

Рускиот боксер Александар Поветкин (36-2-1, 25 КО) ги негираше гласините дека по четвртата рунда на првиот меч со Дилиен Вајт (27-2, 18 КО), во кој тој беше нокаутиран два пати, луѓе од неговиот агол сакале да ја прекинат борбата. Така барем вели Дилиен Вајт.

„Овие луѓе што го велат ова имаат очигледни проблеми со рускиот јазик. Немаше таков разговор во мојот агол. Луѓето кои ме познаваат многу добро знаат дека ќе се борам до крај. Не можете да фрлите крпа додека судијата не ја прекине борбата“, рече 41-годишниот Поветкин.

Неговите зборови ги потврди промоторот Андреј Рјабински.

„Сето ова не е ништо повеќе од гласини. Четвртата рунда се покажа како тешка, не направи нервозни. Но, Александар беше добро, дури и не беше особено шокиран. Мислам дека од аголот беа вообичаените прашања по нокдаунот: „Дали си добро? Дали ја продолжуваме битката?“, рече Рјабински.

Потсетуваме, Поветкин го победи Вајт со спектакуларен нокаут, кој беше прогласен за најдобар за 2020 година. А на 27 март ќе се соочат во реваншот, што ќе се одржи во Гибралтар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО