Александар Орлов, кој во 2017 гоидјна удри новинар во живо, си испроба со бокс со голи раце на промоцијата на Хардкор фајт шампионатот. Негов противник беше Максим Штербаков, познат и како Макс секира.
Мечот траеше само 54 секунди. За тоа време Штербаков успеа да го собори Орлов четири пати и да го повреди, а судијата беше принуден да го прекине мечот.
Орлов призна дека го потценил противникот, кој на ТВ изгледаше бавен. Тој пиеше една недела и воопшто не тренираше.
„Ги гледав неговите борби и не ми изгледаше толку добар. Навистина не се подготвував – бев пијан една недела, еднаш отидов на тренинг. Мислев дека ќе го победам и дека мојата боксерска техника е подобра. Имав план за средбата, да го блокирам и да возвратам, но не го очекував тоа“, изјави поразениот.
„Ми рекоа да не се грижам. Да излезам и да се борам. Тоа беше ноќна мора. Тој е брз како носорог“, додаде Орлов.