По предлог на спортскиот директор на Џудо федерацијата на Македонија, Ѓорѓи Стојанов и позитивното мислење на Стручниот совет, Извршниот одбор по електронски пат гласаше и едногласно ги реизбра селекторите на националните селекции.
За селектор на пионерите е избран Александар Фузевски, на кадетите Игор Димитријски, на јуниорите Горан Мицкоски и на сениорите Игор Паскоски, а Киро Здравески е селектор на ветераните.
Испразнетото место селектор за помлади пионери го преземаТрајче Марков.
За член на Стручниот совет е избран Александар Ацески.