Иво Сандев го освои бронзениот медал на силниот меѓународен турнир „Кроација Карловац опен“, на кого учествуваа 850 натепреварувачи од 11 земји од 56 клуба. Турнирот се одржа по 47-ми пат.
Сандев (ТК Петровец) го освои медалот во категоријата до 37 килограми во кадетска конкуренција
„Иво Сандев полека ја крева формата за Европското кадетско првенство Стразбур, Франција, кое се одржува во средината на јули“, истакна тренерот Александар Велјановски.
ipon.mk/В.Д.