На 17 и 18 април во Врашава, Полска, нашите репрезентативци во кик бокс Мики Ивановски и Кристина Стојчевска ќе имаат професионални мечеви во К-1 на „ДСФ кикбоксинг челинг“, а Димитар Георгиев во фулконтакт. Нашите кикбосери се највени како ѕвезди, односно Ивановски како носител на бронзен медал од Европското првенство во Шпанија минатата година, а ќе се сретне со Камил Рута, а Димитар Георгиев како двократен светски шампион кој годинава треба да ја брани титулата. Тој ќе се бори против Лукаш Вичовски.
Стојчевска ќе се сретне со Дорота Годзина и оваа борба е една од главните на овој настан. Ова е прилика да ги покаже своите кавлитети и да ја натемпира формата пред Светското првенство.
ipon.mk/В.Д.