Ивандер Холифилд го откри својот омилен борец: Тој задава повеќе удари од другите

Поранешниот светски шампион во бокс, Ивандер Холифилд имаше богата и успешна кариера. Бронзениот медалист на Олимпијадата во Лос Анџелес во 1984 година освои титули во полутешка и тешка категорија за време на неговата професионална кариера.

Тој го делеше рингот со многу познати боксери како Хасим Рахман, Мајк Тајсон, Реј Мерсер, Ридик Боу, Лери Холмс, Џорџ Форман…

Тој неодамна во едно интервју изјави дека негов омилен борец е филипинската легенда Мани Пакијао.

„Ми се допаѓа Пакијао, тој ми е омилен. Тој е скромен и го прави она што мисли дека е правилно“, изјави Ивандер Холифилд, а посебно го истакна мечот против Флојд Мејведер Јуниор:

„Дали некогаш сте виделе некој да задава повеќе удари од Пакијао? Кога мислам на Мани, секогаш мислам на неговиот меч против Мејведер. Сите знаат дека Флојд брани одлично, но не може да се каже дека задава повеќе удари на тој меч. Пакијао е најпрометната фигура во светот. Секогаш фрла повеќе удари од другите“.

Неодамна 44-годишниот Мани Пакијао изрази желба да настапи на Олимписките игри кои во 2024 година ќе се одржат во Париз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON