Иван Викиќ влезе во серија и ја извојува втората едно по друго победа, овој пат во Младеновац. Борачот на Балканец, а порано и на кочански Спартак го совлада Александар Алексиќ со сабмишн во првата рунда, односно за 57 секунди.
Иван славше на Меморијалниот турнир „Бојан Терзиќ“ во Младеновац, Србија, во организација на промоцијата ЕДМАСС.
До крајот на годината ќе има уште две борби, едната е во Србија за шампионски појас, а другата е во Италија во ноември.
Резултати
Аматерски борби:
1.Александар Митровиќ – Леонардо Јакупи (дроу Р3)
Аматери кик бокс
1.Јован Црнобрања – Давид Спасојевиќ (со одлука на судиите)
2.Веселин Николиќ – Михајло Петковиќ (дроу Р3)
3.Крставски Никола – Велјко Симиќ (со одлука на судиите)
4.Јован Крстиќ – Младен Стојанович (со одлука на судиите)
5.Никола Зубац – Давид Илиќ (ТКО, Р2 0:48)
Про ММА:
1.Ненад Падори – Славолјуб Петровиќ (ТКО (ГНП) Р1 2:53)
2.Иван Викиќ- Александар Алексиќ (сабмишн, армбар Р1 0:57)
3.Иван Јаковлјевиќ – Бојан Асак (сабмишн, давење со гилотина Р1 0:24)
Ipon.mk