Иван Викиќ симна 12 кг за ММА пресметката со Радаковиќ во Германија

Иван Викиќ во сабота (23 март) на КФН 3 во Карлсруе, Германија, се бори со Марко Радаковиќ, но овој пат во категоријата до 88 килограми. Овој настан е дел Про фалт лигата во Германија.

ММА борецот Иван Викиќ кој е член на БК Балканец, а порано и на Споартак и Вардар,  успешно симна 12 килограми за оваа борба.

„Ова ми е трета борба годинава. Иако сум повреден и требаше се оперирам, ја одложив операцијата и ја закажав борбата на 88 кг. Со голем труд успешно скинав 12 кг и ќе дададм се од себе да победам. Сите велат дека не е можно: Се е можно, само е битно колку го сакаш тоа  и колку си упорен. Ова беше мојот сон и не се откажувам од моите сништа“, вели Викиќ.

За противник истакнува дека е искусен борец и дека е од клубот Ахилеј-Белград и е со скор 9-2.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON