Иван Викиќ забележа победа со прекин над Стефан Пит Станковиќ во првата рунда Комбат челинџ 10 во Панчево-Србија.
„Борецот е за секоја пофалба, многу јак и искусен.Ово е еден голем чекор за мене. Ова ми е втора победа по ред. За овој меч се спремав еден месец. Иако не бев доволно подготвен, но срцето не се дава така лесно. Има уште много да се учи. Тешко е. Условите се лоши, но секој почеток е тежок. Не се давам, одиме напред во нова победа.Сакам да се заблагодарам на сите што ме подржаа“, изјави Иван Викиќ за Ipon.mk.
Ipon.mk/В.Д.