Иван Ерслан потпиша за УФЦ: Ми се остварија соништата!

Хрватскиот ММА борец во полутешка категорија Иван Ерслан (32) потпиша за УФЦ!

Иван (14-3) стана дел од ростерот на УФЦ, а веста за потпишување договор со промоцијата ја објави на Инстаграм.

„На мое огромно задоволство, конечно можам да објавам дека потпишав договор со најголемата организација за четири борби, УФЦ. Моите соништа се остварија, иако некогаш ми се чинеше толку далечно, Бог секогаш имал подобри планови за мене од оние што ги правев самиот“, напиша Иван Ерслан на Инстаграм и им се заблагодари на менаџерот Али Абделазиз и тренерот Дражен Форгач:

„Тој секогаш ги ставаше моите интереси пред своите, па и во овој случај се погрижи се да биде најдобро и на наше обострано задоволство.

Наскоро доаѓаат вести за борба и едвај чекам да ве известам со кое големо име се борам. Можам да ви ветам дека секогаш со гордост ќе ја претставувам нашата земја и дека ќе ја дадам последната капка крв за да излезам од кафезот со крената рака. Се гледаме наскоро во кафез“, напиша хрватскиот борец.

Неговата последна борба беше на крајот на февруари во КСВ кога го нокаутира Богдан Гнидек за само 54 секунди.

Тоа беше десетта победа со нокаут во кариерата за борецот од загрепскиот Американски топ тим.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Erslan (@erslan_ivan)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON