На 22 јуни во Прилеп во СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.
Ице Трајкоски е нашиот боксер на овој настан во Прилеп. Трајкоски има скор 1-1-0 и ќе се бори со боксер од Бугарија.
„По долга пауза ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп. Ќе има боксери од Македонија, Албанија и Бугарија. Подетални информации ќе има во текот на оваа недела“, вели промоторот Дарко Чатлески.
Ipon.mk