Италијанската боксерка Анџела Карини и се извини на Алжирката Имане Хелиф откако одби да се ракува по нивната борба на олимпискиот боксерски турнир.
Мечот меѓу Келиф и Карини предизвика бура од коментари и критики. Италијанката се откажа во 46-та секунда од судирот откако доби два удари од противничката.
Меѓународната боксерска асоцијација (ИБА) тврди дека Келиф не ги исполнила нормите за учество на жените по тестот за пол на Светското првенство во 2023 година. Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека тестот на ИБА не бил спроведен според регулативата и дека Алжирката ги исполнува барања поставени од МОК, кој го организира олимпискиот боксерски турнир.
„Сите овие коментари ме растажуваат. Жал ми е и за противничката. Штом МОК рече дека има право да се бори, јас ја почитувам нивната одлука“, изјави за Газета дела спорт Карини, која жали што не се ракува со Келиф. „Не планирав да го направам тоа. Сакам да и се извинам на неа и на сите други. Бев лута затоа што ми испари олимпискиот сон. Ако пак ја сретнам, ќе ја гушнам“, додава Италијанката.
Келиф денеска од 17:22 часот ќе се соочи со Унгарката Ана Лука Хамори во четвртфинална пресметка во категоријата до 66 килограми.