Италија: Македонија кандидат за Европското првенство за ученици во 2018 година

На денешната средба во Асиси, Италија, претставници на националните бокс федерации и претставници на Регионалната бокс лига со претседателот на Европската бокс федерација и заменик-претседател на АИБА, Франко Фалцинели, изнесени се позитивни тонови за напредокот во земјите кои се дел од РБЛ и дадена голем поддршка за добивање континентални натпреварувања.  Од РБЛ информираат дека Фалцинели останал позитивно изненаден од успешното спроведување на лигашкото натпреварување кое подигнува квалитетот на боксот во регионот.

Така, Македонија ќе конкурира за Европското првенство за ученици во 2018 година, а Црна Гора за Балканското првенство кое треба да влезе во календарот во 2018 година. Ќе нагласиме дека во делегацијата на РБЛ е и Илија Младеновски, потпретседател на истата и член на УО на БФМ.

На 25 ноември ќе се одржи мечот меѓу Регионалниот тим и италијанскиот национален тим со директен пренос на ТВ Арена спорт, а возвратната средба ќе биде во Италија во декември  или во март 2018 година.

Виторио Лаи, претседателот на Италијанскиот боксерска федерација со големо воодушевување ја прифатил понудата на претседателот РБЛ, Јурица Рунтиќ, за двојниот меч на италијанскиот национален тим и регионалниот бокс тим, притоа Лаи истакнал дека овој регион е исклучително важен за боксот во Европа и во светот.

Директор от на РБЛ, Славиша Чуровиќ и претседателот на Црногорскиот боксерски сојуз Блажо Шарановиќ со воодушевување го прифатиле домаќинството на средбата против италијанскиот национален тим и ќе бидат организатори на настанот.

По средбата, претседателот ЕУБЦ и потпретседател на АИБА, Франко Фалцинели, заедно со претседателот на Италијанската боксерска федерација, Виторио Лаи, и го покажале музејот на италијанскиот бокс и во бокс кампот на ЕУБЦ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON