Историски успех на Дејан Георгиевски и Филип Додевски на Г-1 турнирите во Белград

dejan-georgievski-prv-na-g-1-vo-belgrad-2016

Јуниорите Дејан Георгиевски и Филип Додевски го потврдија раскошниот талент на еден од најслините таеквондо турнири од серијата Г-1 „Галеб белградски трофеј – Србија опен 2016“ со освојувањето на златниот и сребрениот медал и најавија дека на Светското првенство во Канада може да очекуваме добар резултат.

filip-dodevski-vtor-na-g-1-vo-belgrad-2016

На „Белград опен“ учествуваа 1.200 натпреварувачи од цел свет.

Дејан Георгиевски (+78 кг) во јуниорска конкуренција извојува три победи со технички нокаут над противници од Словенија, Шведска и Грција, триумфално освојувајќи го првото место.

Филип Додевски (-74 кг) исто така имаше три победи, но го освои сребрениот медал. Мора да се нагласи дека Додевски го совлада актуелниот европски првак кој доаѓа од Русија и противниците од Италија и Полска, а по рамноправна борба загуби од Шпанец.

Георгиевски и Додевски неодамна станаа балкански шампиони.

Одличен настап имаше на Иван Крстевски кој со две победи не успеа да стигне до медал.

За десетина дена Филип Додевски,Дејан Георгиевски,и Иван Крстевски ќе нестапат на Светско првенство за јуниори во Канада.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON