Историски договор за кикбоксот: ВАКО стана дел од МОК!

kickbox potpis so MOK-by-IOC-1

Историски Меморандум за разбирање беше потпишан помеѓу МОК, претставуван од претседателот, д-р Томас Бах и АИМС, претставен од Стефан Фокс. На потпишувањето на договорот во присуствуваа четири потпретседатели од МОК, како и генералниот директор Кристоф де Кепер.

Ова е доказ за важноста на потпишувањето на договорот. АИМС е група кој под својот чадор има 23 меѓународни спортски федерации, кои се членки на SportAccord и кои сега имаат право да бидат вклучени во „Директориумот на олимпиското движење“. АИМС со гордост ги поддржува и промовира визијата и мисијата на олимпиското движење со одржување и развој на спортот. Што е уште поважно, преку едукација на младите преку спортот е да продолжи да биде веродостоен на спортски план преку применување на принципите на олимпиското движење.

kickbox-by-IOC-2

МОК ги признава улогата и раководството на АИМС, а тоа е значаен придонес за поддршка на олимпиското движење.

„Морам да се заблагодарам на претседателот на МОК, д-р Бах, за неговата визија, за неговата мисија и за неговата поддршка на спортот и на меѓународните федерации кои се стремат да се здобијат со индивидуални признанија од страна на МОК. Сепак, се работи за доброто владеење и севкупниот развој на спортот, за доброто на општеството. Денес, 23 меѓународни спортски федерации ја покажаа својата благодарност на МОК за признанието и за отворањето на вратите на не-олимписки признаените спортови. Посебна благодарност мора да му оддадам на Спортскиот оддел на Меѓународниот олимписки комитет за нивниот професионализам, особено на спортскиот директор Кит Мек Конел и шеф на партнерството за спорт, Џени Ман“, рече Стефан Фокс, претседателот на АИМС.

kickbox-by-IOC-3

„Ова е историски ден за нашиот спорт. ВАКО е горд да објави дека од денеска, под покровителство на АИМС, во која членуваме, сме дел од семејството на МОК, под покровителство на АИМС. АИМС потпиша Меморандум за разбирање со МОК и стана официјално признат партнер во МОК заедно ARISF, AIOWF и ASOIF.

Честитки до сите наши членови, сега сме официјален дел на олимпиското движење на спортот, со сите поврзани услуги за поддршка ни стојат на располагање на нас и нашите членови. Ве молиме нека ви се допадне оваа прекрасна и возбудлива вест и нека се споделува.

Честитки до сите вас, особено на нашиот тим во Лозана и сите тимови, кои го подготвија патот до успехот. Браво“! – истакна Рој Бејкер, вршител на должноста претседател на ВАКО Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON