Во независна Македонија првите медали ги освоија каратистите Елвир Куратновиќ – златен и Зоран Пејов – бронзен во младинска конкуренција и Ангел Георгиев – бронзен на Европското првенство во Кардиф, Велс, во 1993 година. Првиот освојувач е Зоран Пејов, Ангел Георгиев, за сето тоа да го заокружи на најубав начин со историското злато Елвир Куртановиќ.
Селекторот Чедомир Саздовски имаше со што да се гордее, бидејќи неговите каратисти испишаа историја.
Ова е нашата историја. А сите до еден најгласно ја пееја македонската химна.
Тоа се каратистите од Цветан Димов, Вардар и Партизан – Кочани кој на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.
https://www.facebook.com/karateklub.keiks/videos/2253733374661305/?t=0
Ipon.mk/В.Д.