Боксерот на БК Шкендија но лимит, Лулзим Исамили (-69 кг) го победи претставникот на Бугарија Мухамед Алис со 3-0 на 3.Меѓународниот турнир „Исмет Прапаштица“ во Приштина, Косово.
Алим Насуфи (-75 кг) загуби од Бесарт Карахаси во добра борба и со неговиот противник се прогласени за најборбен пар.
Шпенд Гафури (-60 кг) е поразен од боксер на Косово, Шпетим Бојоку, кој учествуваше на Европското првенство и загуби со 2-1 во изедначен меч. И Алими и Гафури се од БК Чаир.
Петар Арсовски од Аперкат настапи во уводна борба со претставник од Косово. Борбата заврши нерешено.
Ipon.mk/В.Д.