Гоце Јанески (-75 кг) од БК Аперкат денес ја покажа најдобрата борба во својата боксерска кариера, кој на Меѓународниот ревијален турнир по повод „5 годиини БК Шкендија“ го совлада трикратниот првак на Косово, Валдрин Елезаи, на кого еднаш и му броеја. Судиите едногласно му ја додлеија победата. Оваа борба беше прогласена за најдобра на турнирот.
Лулзим Исмаили од Шкендија е прогласен за најдобар боксер, кој го совлада Ѓорги Трајковски од Шкупи, на кого ова му е втора борба. Екипата на Шкупи е најдобрата на турнирот, бидејќи нејзините боксери имаа три победи и еден пораз, а победени се прваци на Алабанија и Косово.
Марко Стојаноски (-57 кг, Универзалци) е прогласен за најдобар млад талентиран боксер, кој се истакна со фер плеј техника.
Мора да се истакне добрата организација на БК Шкендија, како и присуството на околу 1000 гледачи.
Резултати:
75 кг Валдрин Елезај (Косово) – Гоце Јанески (Аперкат) 0-3
66 кг Зекир Ламалри (Шкупи) – Ариел Чела (Албанија) 2-0
52 кг Идриз Бислими (Шкупи) – Ардит Мулај (Албанија) 2-0
60 кг Јасин Лама (Шкупи) – Диели Врановци (Косово) 2-0
69 кг Ѓорги Трајковски (Шкупи) – Лулзим Исмаили (Шкендија) 0-2
60 кг Благоја Давитковски (Универзалци) – Бобан Богадновски (Ас) 1-2
57 кг Марко Стојаноски (Универзалци) – Божидар Цветковски (Ас) 3-0
75 кг Осман Демиров (Баргала) – Алби Сора (Албанија) поразен со прекин во прва рунда
81 кг Андреј Митров (Аперкат) – Бетим Исеини (Шкендија) 2-0
64 кг Бесар Гарипи – Ерос Рамадани
60 кг Денис Муча (Косово) – Јасмин Мифтар (Аперкат)
54 кг Шпенд Гафури – Грамос Бериша
60 кг Никола Арсовски – Беспорт Мералаку
32 кг Омер Локи – Петар Арсовски
ipon.mk/В.Д.