Азиз Исмаил, Мартин Несторовски и Пуликсенија Јованоска се новите имиња во репрезентацијата на Македонија за Европското карате првенство за сениори во Нови Сад, Србија, од 10 до 13 мај.
Ова е одлучено вчера на состанокот на тренерите на репрезентациите Сашко Арсовски и Стојан Андриевски со клупските тренери.
Имено, тренерот на КК Металург, Мирче Јанушевски, побара Азиз Исмаил да влезе како замена во катгеоријата со 75 килограми како замена за прворангираниот Мурсел Мисини поради новонастаната состојба во приватниот живот.
Тренерот на државната репрезентација на Македонија за сениори, кумите, Сашко Арсовски, предложи да му се дозволи на Мартин Несторовски да биде дел од државната репрезентација во екипна конкурнеција во кумите.
Тренерот пак на државната репрезентација во кати, Стојан Андриевски, предложи наместо прворангираната во категорија Маријана Димоска, која најавила дека нема да биде дел од репрезентацијата, на Европското првенство да настапи второрангираната во истата, Пулексенија Јованоска.