Ислам Махачев 26-1-0 го задржа шампионскиот појас во лесна категорија.
Дастин Пориер се покажа дека досега е најтешкиот противник на дагестанскиот борец. Двајцата борци понудија вистинска зрелост во многу интензивна борба. Навивачите во салата видоа одлични размени што ги доведоа до работ на нивните седишта. Имаше момент во борбата кога Пориер стоеше подобро од противникот, спротивно на сите очекувања пред оваа борба.
https://twitter.com/ufc/status/1797133934519620084
Во моментот кога Пориер беше во подобра позиција во октагонот, Махачев ја мобилизираше сета своја преостаната сила да го собори Американецот и потоа го задуши на бескомпромисен начин, дури и за момент Дастин изгледаше како несвесен.
Махачев по борбата сакаше борба за нова титула во повисока категорија, а Пориер рече дека можеби ова му е последна борба во октагонот.
https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/ufc/status/1797134943178330363#
Резултати УФЦ 302:
Главна карта:
Ислам Махачев – Дастин Поаре со завршница 5, 2:42
Шон Стрикленд – Пауло Коста со одлука (46–49, 50–45, 49–46)
Кевин Холанд – Михал Олексејчук со завршница 1, 1:34
Нико Прајс – Алекс Мороно со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Ренди Браун – Елизеу Залески со одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Прелиминарни:
Роман Копилов – Цезар Алмеида со одлука (29–28, 28–29, 30–27)
Жаилтон Алмеида – Александр Романов со завршница 1, 2:27
Грант Досон – Џо Солецки со одлука (29–28, 30–27, 30–27)
Џејк Метјус – Фил Роу со одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Басил Хафез – Мики Гал со одлука (30–27, 30–27, 29–28)
Ајлин Перез – Хозелин Едвардс со одлука (30–27, 29–28, 29–28)
Андре Лима – Мич Рапосо со одлука (30–27, 28–29, 30–27)