Ислам Махачев откри кога ќе се врати во кафезот на УФЦ.
Ѕвездата од Дагестан имаше скинати лигаменти на раката, но сега е при крај на лекувањето. Махачев ќе може да се врати во октагонот во декември оваа година или во јануари 2025 година. Ова е предмет на лекарска дозвола, што ќе зависи од состојбата на неговата рака. Се очекува Ислам да ја брани титулата против Арман Царукјан.
Тие се бореа во 2019 година во Санкт Петербург. Тогаш борбата беше деби во УФЦ за Арман, кој не се претстави слабо, но беше надборен од Махачев и загуби со одлука. Сега и двајцата многу се подобри и Царукјан очекува лесна победа против Дагестанцот. Во јуни оваа година Ислам го победи со завршница Дастин Пориер и ја одбрани титулата.
„Сега имам мала повреда, но веќе го завршувам лекувањето. Ќе бидам подготвен до крајот на годината или во јануари 2025 година“, изјави Ислам за Ушатајка.
🚨 Islam Makhachev says he'll be ready to fight by the end of the year/beginning of next year 👀
"I have a small injury now, but I'm already finishing my treatment. I'll be ready around the end of the year, January, beginning of the year."
(via. Ushatayka) #UFC #MMA pic.twitter.com/ZrJG6lIyA8
— Championship Rounds (@ChampRDS) September 17, 2024